Top Sport

Рајо по 22 години чекање го победи Реал Мадрид (видео)

Рајо Валјекано стигна до изненадувачка 1:0 победа над Реал Мадрид во последниот вечерашен меч од 35. коло во Ла лига за да се „одлепи“ од последното место на табелата и да ги заддржи шансите (барем теоретски) за опстанок во шпанската елита.

Исходот на мечот беше одлучен во 22. минута, кога по консултација со ВАР системот беше доделен пенал за клубот од мадридското предградие, и Адри Ембарба не згреши против Тибо Куртоа, кој го имаше првиот старт за „кралскиот клуб“ по враќањето на Зинедин Зидан на клупата.

Поразот нема никакво значење за Реал ,кои се осамени на третото место на табелата откако Барселона вчера ја прослави својата 26. титула, но за Рајо Валјекано трите поени може да значат многу во лутата борба за опстанок.

На три кола пред крајот, Рајо се на 19. место со 31 поен, четири помалку од 18-пласираниот Валјадолид и шест поени од безбедната зона – три клуба од 15-тото до 17-тото место имаат по 37 поени (Селта, Леванте, Џирона).

Пред овој меч, Реал имаа низа од 17 победи против својот „мал“ градски ривал, а последната победа Рајо ја имаше во 1997 година (исто така со 1:0).

Scroll to Top