Во текот на мечот меѓу Голден Стејт Вориорс и Милвоки Бакс забележан е момент на разговор меѓу двер НБА ѕвезди – Стеф Кари и Јанис Адетокумбо.
Најдобриот играч на Вориорси е надвор од терените поради повреда на дланката, а неговата екипа е последна на табелата во Западната конференција.
Враќањето на Кари на теренот се очекува наскоро, што не е случај со неговиот соиграч, Клеј Томпсон, кој ја заврши сезоната уште не започната.
Сепак во Голден Стејт се надеваат дека во наредната сезона ќе можат да се вратат во борбата за титулата, а она што Кари му го рече на грчкиот кошаркар упатува токму во тој правец.
„Ајде да го направиме тоа! Ајде човеку“ – му вели Стеф на Јанис.
Гркот има договор со Бакси до следното лето, а оттаму најавија дека му подготвуваат супер-договорза да го задржат во екипата. Се шпекулира со сума од 247 милиони долари за 5-годишна соработка.
Поради објавувањето на намерата, Милвоки беше казнет, а Адетокумбо се уште не се огласи по тој повод, така да постои шанса да ја промени средината.
Еве како изгледа „поканата“ на Кари до Адетокумбо:
“Come to the Dubs.” – Steph, probably ? pic.twitter.com/PZRc8179JZ
— Warriors on NBCS (@NBCSWarriors) January 9, 2020