Со најавите дека Олимпијадата во Токио нема да се одложи поради пандемијата од коронавирусот, кошаркарската репрезентација на САД ги продолжува подготовките за турнирот.
Тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер кој е помошник на селекторот на САД, Грег Попович вели дека нема да ги менуваат плановите за подготовки.
Сезоната во НБА лигата е моментно суспендирана и можно е да продолжи дури во втората половина на мај, што би значело дека плеј-офот може да се игра во јуни.
„Поп и јас неколкупати зборувавме во последните неколку недели и се уште се е неофицијално. И понатаму немаме идеја дали игрите ќе бидат одложени или одржани според планот. Можеме само да седиме и да се прашуваме што ќе биде. Ние продолжуваме по планот и протоколот како да е се нормално. Се што можеме сега е да се консултираме околу играчите и да го направиме ростерот за ОИ“ – рече Стив Кер.
САД ќе го бранат златото освоено во 2016 кога во финалето славеа победа против селекцијата на Србија.