Top Sport

Стоичков: За Нејмар нема место во Барселона

Екс-напаѓачот на Барселона, Христо Стоичков изјави дека каталонскиот клуб не би требало во своите редови да го врати Бразилецот Нејмар.

Легендарниот бугарски фудбалер смета дека Нејмар не е потребен на „Ноу Камп“ што Барса има напаѓач од калибарот на Гризман.

„Нејмар не е потребен во Барселона. За него нема место во екипата. Во Барса се Дембеле, Гризман, Суарез и Меси. Каде би играл Нејмар? Тој би бил темпирана бомба во соблекувалната“ – вели Стоичков.

Бугаринот во два наврати го носеше дресот на Каталонците и со клубот освои 13 трофеи.

Нејмар, пак, минатата сезона во ПСЃ одигра смо 28 меча на кои постигна 23 гола, а имаше и 13 асистенции.

Scroll to Top