Top Sport

Судир на навивачите на Барса и Лион, петмина се во болница (видео)

Навивачки инциденти во Барселона, на неколку часа пред реванш осминафиналниот меч од фудбалската Лига на шампиони меѓу екипите на Барселона и француски Лион.

Како што информираат шпанските медиуми, петмина навивачи на францускиот клуб завршиле во болница по нападите од хулиганите на Барса на улиците. Наводно, напаѓачите со обележја на Барселона ги испрскале со „бибер“ спреј фановите на Лион, а еден од нив бил прободен со нож.

Информациите се дека во Барселона пристигнале 6.000 француски навивачи кои се во добри односи со фановите на Реал Мадрид.

Инцидентите се можни затоа што, според информациите од шпанските медиуми, навивачите не се во група, туку се расштркани низ целиот град.

Првиот меч меѓу овие две екипи заврши нерешено, 0-0.

Scroll to Top