Top Sport

Суперкомпјутерот прогнозира триумф на Бразил во Русија

Бразил ќе ја освои титулата на Светското првенство во Русија пресметал суперкомјутерот во Англија. Овој суперкомпјутер веќе е тестиран на натпревари во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Според суперкомјутерот Бразил во финалето ќе ја победи Шпанија, откако претходно во полу-финалето Шпанците со 1:0 ќе ја победат Германија, а Бразил ќе биде подобар од Франција со 3:1.

Суперкопјутерот предвидува дека во осмина-финалето ќе има едно големо изненадување, а тоа е дека Египет ќе ја победи Португалија со 2:1. Осмина-финалната фаза според неговите пресметки нема да ја мине ниту Аргентина.

Победници и вторпласирани во групите:

Група А. Египет, Уругвај
Група Б: Шпанија, Портигалија
Група Ц: Франција, Перу
Група Д: Исланд, Аргентина
Група Е: Бразил, Србија
Група Ф: Германија-Мексико
Група Г: Белгија, Англија
Група Х: Полска, Колумбија

Осмина-финале:

Египет-Португалија 2:1
Франција-Аргентина 2:1 (продолженија)
Бразил-Мексико 3:0
Белгија-Колумбја 2:1
Шпанија-Уругвај 2:1
Исланд-Перу 1:0
Германија-Србија 3:1
Полска0Англија 1:2 (продолженија)

Четврт-финале:

Египет-Франција 1:3
Бразил-Белгија 2:2 (Бразил оди понатаму по изведувањето на пенали)
Шпанија-Исланд 4:1
Германија-Англија 3:2

Полу-финале:

Франција-Бразил 1:3
Шпанија-Германија 1:0

Финале:

Бразил-Шпанија 2:1

Светското првенство во Русија ќе се игра од 14 јуни до 15 јули на 12 стадиони.

Scroll to Top