Top Sport

Сусо: Ако постои и 1% ризик, најдобро е Ла Лига да не продолжи!

Пандемијата на коронавирусот ги запре сите фудбалски лиги во Европа (ако не се земе предвид белоруската). Една од државите која е најмногу погодена е Шпанија, а засега нема информации кога би можело Ла Лига да продолжи.

„Мојата сопруга е бремена, би требало да се породи за месец ипол. Ако јас одам на тренинг и ако се заразам, а потоа вирусот го проширам дома, никогаш тоа себе не би си го простил“ – изјави Сусо, играчот кој како позајмен од Милан настапува за тимот на Севилја.

Тој смета дека најдобро е сезоната да не продолжи.

„Мислам дека нема смисла да играме, а сите да бидеме затворени во хотели. Доколку постои и само 1% ризик, најдобро би било сезоната да не се продолжи“ – вели шпанскиот фудбалер.

Scroll to Top