Top Sport

Тенисерите Фелисиано и Марк Лопез наместиле меч на Вимблдон 2017!?

Не стивнува бурата околу местењето спортски натпревари во Шпанија. Полицијата сега за местење на мечеви ги сомничи и шпанските тенисери Фелисиано Лопез (37) и Марк Лопез (36) кои наводно имале контакти со криминалната организација.

Според пишувањата на „АС“, Марк и Фелисиано наводно го наместиле нивниот меч во двојки на Вимблдон 2017 година против Австралијците Џон Патрик Смит и Мат Рид. Шпанците беа поразени во 4 сета со резултат 1-3 иако првиот сет лесно го добија со 6-3. Наредните три сета ги загубија со 6-7 2-6 и 4-6.

Шпанската полиција го истражува мечот, а се доаѓа по „паѓањето“ на обложувачко-криминалната организација предводена од екс-фудбалерите Карлос Аранда и Раул Браво.

Аранда, наводно, на полицијата и признал дека имал информации за наместени мечеви од високи сфери на спортот, а притоа ги спомнал имињата на Фелисиано и Марк Лопез.

Scroll to Top