Top Sport

Марија Шарапова се врати на теренот и победи првпат по јануари годинава

Руската тенисерка Марија Шарапова ја оствари првата победа во поединечна конкуренција по јануари годинава. Таа направи долга пауза поради проблеми со лактот и рамото, па денеска со триумф на турнирот во Мајорка покажа дека повредата е минато.

Шарапова како 85-та на ВТА листата ја совлада Викторија Кузмова од Словачка (46. на ВТА) со 2-0, посетови 7-6 и 6-0.
Ѓарапова спаси две сет топки во првиот сет, во тај брејкот, а во вториот сет ја неутрализираше комплетно демотивираната противничка.

Во следното коло Шарапова ќе се судри со првата носителка на турнирот, Германката Анжелик Кербер која со 2-1 беше подобра во дуелот со Исаин Бонавентур од Белгија.

Русинката на турнирот во Мајорка дојде откако доби специјална покана од организаторот.

Scroll to Top