Руската тенисерка Светлана Кузнецова не добила виза за влез во САД, па нема да може да ја одбрани титулата што минатата година ја освои на турнирот во Вашингтон.
Русинката на Твитер ги објасни причините поради кои ќе мора да го откаже учеството на тенискиот турнир, а додаде дека вакво нешто досега не и се случило во кариерата.
„За жал морам да го откажам натпреварувањето во Вашингтон поради проблемите со добивање американска виза. Сакам да им се извинам на сите. Никогаш во животот не сум имала нешто слично, се надевам дека еден ден повторно ќе добијам виза и ќе играм на некој од турнирите на американската серија“ – напиша Кузнецова на Твитер.
Unfortunately I had to pull out of Washington due to my problems with US visa(. Wanted to apologize to all my fans who were waiting for me there .. Never had issues like this in my life , hopefully one day I can finally get a visa and play at list some events of the US swing ! pic.twitter.com/K1JzU2vupi
— Svetlana Kuznetsova (@SvetlanaK27) July 25, 2019
Во досегашната кариера Кузнецова двапати освои Гренд слем турнири, Ролан Гарос 2009 и УС-Опен 2004. Во 2007 година во еден период беше втора н ВТА листата.