Лондонски „Гардијан“ обајви денеска дека Французинот Абубакар Камара (23) е уапсен завчера во клупскиот тренинг центар поради сомнеж дека на неидентификувана личност и нанел физичка повреда.
Тамошната полиција излезе со соопштение во кое се вели:
„Еден човек со 20-тина години е уапсен поради сомнеж дека нанел телесна повреда и криминална штета. Тој е приведен во станица“, а кратко по соопштението се откри за кого станува збор.
Камара правел проблеми и на теренот и во тренинг центарот, а на двете места се судрил со српскиот фудбалски репрезентативец, Александар Митровиќ кој најпрво му кажувал дека не е тој што треба да шутира пенал, а потоа наводно го учел на пристојност и на часовите по јога на кои присуствувале сите играчи од тимот.
Менаџерот на Фулам го отстранил Французинот од екипата по инцидентите, а се очекува Камара да биде избркан од клубот и продаден во Турција, во тимот на Малатија.
Камара стигна во Фулам во јули 2017 година, а сезонава на 15 меча даде 5 гола.