Top Sport

Тиафо почна предвреме да слави, Медведев врати неверојатна топка (видео)

Неверојатен тениски поен е виден во осминафиналето на АТП турнирот во Вашингтон.

Русинот Данил Медведев го совлада Американецот, Френсис Тиафо со 2-0, а светот го прераскажува поенот на Русинот кој ретко се гледа на тениските терени.

По брутална размена на удари, неколку лоб удари и излегувања на мрежа делуваше дека Тиафо ќе го земе поенот. Но Медведев не мислеше така. Со крајни напори го стигна топчето и го префрли преку мрежата.

Тиафо свртен со грб кон противникот веќе тргна кон момчињата што ги држат пешкирите славејќи за поенот, кој сепак не отиде на неговото конто.

Погледнете:

Scroll to Top