Top Sport

Тинејџер со спектакуларни „ножички“ го реши дербито во Унгарија (видео)

Фудбалер кој има 18 години, дебитира за првиот тим, дава спектакуларен гол со „ножички“ во 93 минута на домашен терен во дерби натпревар – бесценето.

Ова е описот на ситуацијата која вчера се случи во Унгарија, на дерби мечот меѓу Дебрецин и Ференцварош. Херој е 18-годишниот Данијел Зори.

Тренерот на домаќините десетина минути пред крајот на мечот во игра го внесува младиот играч, кој бележи деби настап.
Во третата минута од судиското надополнување Зери по една нафрлена топка на работ на противничкиот шеснаесетник скока високо и свртен со грб кон голот шутира неодбранливо.

Погледнете како изгледаше целата ситуација:

Scroll to Top