Хокеарот на канадски Едмонтон Оилерс, Колби Кејв (25) почина во болница во Торонто. Тој пред 4 дена бил опериран од циста во мозокот и по операцијата се наоѓал во индуктивна кома.
Кејв ја играл четвртата сезона во НХЛ лигата, а освен за Едмонтон, настапувал и за Бостон Бруинс. Во кариерата одиграл 67 меча на позиција центар.
„Со голема тага ве известуваме дека нашиот Колби Кејв утринава почина. Им благодариме на сите за молитвте во овие тешки моменти“ – се вели од Оилерс на официјалниот сајт.
По повод трагедијата се огласи и најдобриот хокеар на сите времиња, Вејн Грецки.
„Колби беше одличен хокеар и уште подобар човек, но тоа што е уште поважно, целиот негов живот беше пред него. Моментно во мислите ми е само тој и неговото семејство, неговата сопруга Емили, се молам за нив“ – рече Грецки.
The Swift Current Broncos are devastated to hear of the passing of our former captain, Colby Cave. Our thoughts are with his family and friends during this time.
Rest In Peace, Caver. pic.twitter.com/iaj4M3KnFU
— Swift Current Broncos (@SCBroncos) April 11, 2020