Top Sport

Три гола на Меси и бравура со пета на Суарез за триумф на Барса (видео)

Барселона предводена од феноменалниот Лионел Меси дојде до убедлива победа во Ла Лига против тимот на Мајорка, со што Каталонците повторно се вратија на чело на табелата, заедно со Реал Мадрид.

Публиката на „Ноу Камп“ вечерва имаше можност да ужива во 7 гола, од кои 5 во мрежата на гостите од Мајорка. Мечот заврши со резултат 5-2, на полувреме беше 4-1.

Уште во 7. минута Гризман донесе водство од 1-0, а во 17 минута Меси со првиот од трите гола го зголеми резултатот на 2-0.

Потоа со голот на Будимир гостите намалија на 2-1, по што следуваше нов погосок на Меси за водсто од 3-1.
Во последните моменти од првото полувреме, Луис Суарез го имаше потегот на вечерта, кога атрактивно, со пета успеа да го матира противничкиот голман.

Во второто полувреме повторно Будимир намали на 4-2, а конечниот резултат го постави Меси со својот трет вечерашен погодок.

Scroll to Top