Поради ситуацијата со ширењето на корона вирусот, УЕФА официјално одлучи да откаже два меча од осминафиналето од фудбалската Лига Европа.
Се работи за дуелите меѓу Интер и Хетафе, чиј претседател Анхел Торес вчера изјави дека неговиот тим нема да патува во Милано, во центарот на жариштето и по цена неговата екипа да заработи суспензија.
Вториот меч е Севилја-Рома.
Шпанските власти денеска истакнаа дека нема да примат на своја територија авион со патници од Рим, со оглед на тоа што Италија е силно погодена од коронавирусот.
Новите термини на одигрување дополнително ќе бидат одредени.
Слична е ситуацијата и во Лигата на шампиони. Вчера Валенсија на „Месталја“ без публика ја пречека италијанск Аталанта, додека вечерва во Париз, францускиот шампион ПСЖ пред празни трибини ќе ја пречека екипата на Борусија Дортмунд.
As a result of the travelling restrictions between Spain and Italy imposed yesterday by the Spanish authorities, the following #UEL matches will not take place as scheduled tomorrow.
?? Sevilla – AS Roma ??
?? Internazionale – Getafe ??
— UEFA (@UEFA) March 11, 2020