Скопје е подготвено за најновото издание на „Визер Скопски маратон 2018“. Главната трка, како и полумаратонската и штафетната трка, 4х5 км, ќе почнат во 8.30 часот.
Маратонот оваа година ќе ги урне сите досегашни рекорди. Пријавени се над 10.000 натпреварувачи од 58 земји од светот. Промотор на маратонот е атлетската ѕвезда Пола Ретклиф. Нејзиниот сеуште актуелен рекорд е 2:15.25 часа кој го постави во 2003 на Лондон маратон.
Победниците во машка и во женска конкуренција ќе добијат по 2.000 евра, доколку нивните времиња бидат под два часа и 19 минути (мажи) и два часа и 47 минути (жени). Доколку победникот во машка конкуренција победи со резултат над два часа и 19 минуит тогаш ќе заработи 1.200 евра, истат сума ќе ја добие побеничката во женска конкуренција доколку резултатот и биде над два часа и 47 минути.
Рекордот на патеката во машка конкуренција изнесува 2:12.36 часа, а во женска конкуренција 2:37:45 часа.