Иако Ентони Џошуа неодамна го победи Енди Руиз „дебелкото“ и ги врати своите шампионски појаси, сепак најинтересниот боксерски меч на почетокот на 2020. не е поврзан со нив.
Се работи за дуелот меѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури. Првиот нивни меч заврши со контроверзно реми. Мнозинството сметаше дека Фјури ја заслужи победата, иако двапати во текот на борбата се најде на подот, вклучувајќи ја и последната рунда. Вајлдлер по последната победа за себе изјави дека е најсилниот удирач во светот на боксот.
Порталот „ТalkSPORT“ собирал изјави од боксери кои имале дуел со Вајлдер и сите истото го тврдат, никој нема посилен удар од него.
„Дионтеј Вајлдлер е најсилниот удирач во историјата на тешката категорија. Го видов тоа, и го почувствував. Не е чудо што Ентони Џошуа бега од борба со него. Лесно станав во 12. рунда, а можев да останам на подот. Тоа е тип на удари од кои многумина нема да се разбудат. Бо можел да нокаутира бик со удар“ – рече Фјури по првата нивна борба.
Уште еден Британец Дејвид Хеј имал можност да спарингува со „бронзениот бомбардер“ како што го нарекуваат Вајлдлер.
„Има жестока, жестока десница. Неговата моќ на удар на скала од 1 до 10 е чиста десетка. Тоа може да го дознаете само ако ве удри. Најсилниот удирач со кој сум бил во рингот е токму тој“ – вели Хеј.
И боксерот Ерик Молина верува дека Вајлдлер би можел да нокаутира бик.
„Вајлдер би нокаутирал бик ако го погоди во глава. Ако ви погоди било кој дел од главата, ќе заиграте или ќе отидете на спиење“ – смета Молина.