Поранешниот холандски фудбалски интернационалец, Енди Ван дер Мејде (39) го паметиме како сјаен фудбалер на теренот, но надвор од него велат дека бил луд депресивец, алхохоличар и наркоман.
Потекнува од школата на Ајакс, а од големите светски клубови играше уште и за Интер, Евертон и ПСВ Ајндховен.
Пред 6 години ја издаде својата автобиографија, а викендов за една холандска телевизија разкажа усше една интересна случка.
„Мислам дека беше 2001 или 2002 година. Се уште бев во Ајакс, патувавме некаде со автобус. Покрај мене седи Златан Ибрахимовиќ. Тој заспал. Гледам наоколу, гледам во него. Се разбуди нешто хомосексуално во мене, едноставно ми дојде да го бакнам и тоа го направив. Го бакнав в уста. Што беше кога се разбуди? Добив неколку клоци во глава“ – рече Ван дер Мејде.
Тој рекол дека сега е многу далеку и од пиењето и од шмркањето, но…
„Понекогаш лежам во кревет и се сеќавам колку добар играч бев. Второ најдобро крило во Европа. Најдобар беше Луис Фиго, па јас. И се упропастив. Бев идиот“ – признава екс-фудбалерот.