Мешков Брест славеше многу важен триумф во Скопје против Вардар со 32-30 во рамки на СЕХА лигата.
Љубителите на ракометот беа сведоци на интересен и драматичен дуел кој беше решен во самиот финиш.
Со оваа победа Мешков останува во игра за четвртата позиција на табелата за која конкуренција му е тимот на Татран Прешов.
Денешниот пораз за Вардар беше трет неуспех сезонава во 16 меча, но и покрај тоа „црвено-црните“ и понатаму се лидери на табелата со 39 бода.
Најефикасен кај гостите од Брест беше Ѓорѓиќ со 8 гола, а Ивиќ даде 6.
Кај Вардар Дибиров и Скубе имаа ист ефект, постигнаа по шест гола.
Вардар во следното коло од СЕХА-лигата ќе игра против Нексе во Нашице, додека Мешков ќе го нагости тимот на ППД Загреб.
Потегот на мечот е за најефикасниот на средбата, Ѓорѓиќ: