Дерби натпреварот во македонската ракометна супер лига меѓу скопските ривали Вардар и Металург му припадна на „црвено-црниот“ состав. Вардар победи со 32-31 што беше негова трета победа во домашниот шампионат,
Во натпревар во кој двата тима неколкупати се менуваа во водството вардарци успеаја да стигнат до бодовите.
Најефикасен кај Вардар беше Русинот Кисељев со 8 гола, а капитенот на Вардар, Стојанче петпати прецизно биеше кон тимот од Автокоманда.
Кај „металурзите“ Шилегов постигна 8, а Шпенде 4 гола.