Скопски Вардар и белградска Црвена Звезда денеска попладне одиграа пријателски меч во Анталија, Турција. Мечот заврши без голови.
Во израмнет натпревар, без голем број на шанси на двете страни, двајцата голмани Гачевски и Борјан ги зачуваа своите мрежи.
Вредна за одбележување во првото полувреме беше шансата на Петровиќ од Звезда која остана нереализирана.
Во второто полувреме екипата која есеноска играше во групната фаза од Лигата на шампионите имаше повеќе од играта, но одбраната на Вардар на чело со Гачевски успешно го положи тестот.
Свои шанси за Звезда имаа Томане, чиј удар заврши во стативата, како и Крстовиќ кој имаше добар удар, кој заврши над голот на „црвено-црните“.
Мечот против Звезда е четврти контролен на Вардар во Анталија. На претходните дуели „црвено-црните“ доживеаја порази од Хајдук, Динамо Киев и од Бачка Топола.
Следниот предизвик за Вардар е на 2 идниот месец, против босански Борац Бања Лука.