Македонскиот ракометен шампион Вардар го победи ППД Загреб и во реваншот во Скопје со резултат 32-30. Двомечот беше речиси решен уште минатиот викенд во Загреб кога скопскиот клуб забележа убедлива победа од 9 гола разлика.
„Црвено-црните“ одлично го почна натпреварот, го диктираа темпото, тренерот Парондо ги ротираше играчите и на полувреме се замина со убедливи 19-13.
Во вториот дел вардарци се опуштија, па гостите од хрватска успеаја да стигнат до нерешени 30-30. Сепак со головите на Скубе и Чупиќ „црвено-црните“ успеаја да стигнат до победата.
Најпрецизен во Вардар беше Чупиќ кој постигна 9 гола од 10 обиди. Дибиров беше стрелец на 4, а Карачиќ на 3 погодоци. Во тимот на Загреб Хорват реализираше 11 погодоци.
Вардар го очекува утрешниот реванш меч меѓу ПИК Сегед и Висла Плок за да го дознае противникот во четвртфиналето. Унгарскиот тим е фаворит, а згора на тоа, во првиот меч славеа нагости со 22-20.
Кире Лазаров со Нант продолжува во четвртфиналето од ракометната Лига на шампионите. Попладнево францускиот клуб славеше во реванш мечот против германски Рајн-Некар Левен со 30-27. Со овој резултат Нант францускиот тим ја надополни негативата од два гола од првиот натпревар и обезбеди место меѓу осумте најдобри екипи.
Сега на Нант му следува вистинскиот предизвик, противник за влез на Ф4 е Барселона.
Лазаров го заврши мечот со два гола оти македонскиот капитен второто полувреме го мина на клупата за резерви.