Европскиот ракометен шампион, екипата на Вардар со домашен пораз од Монпелје 27-31 ја заврши групната фаза во ракометната ЛШ.
Вардарци групата ја завршија на шестата позиција, па во нокаут фазата ќе се судрат со унгарски ПИК Сегед или со француски ПСЖ.
Кратка беше клупата на Вардар за овој меч, но и покрај тоа првото полувреме помина во наизменично водство на двете екипи.
На пауза гостите од Франција заминаа со гол предност, 13-14.
Во вториот дел започна доминацијата на францускиот тим. Најпрво Монпелје стигна до 13-16, на средина на вториот дел беше 21-23.
Тренерот на домашната екипа, Алушовски се обидуваше и со 7 на 6, по што Монпелје се одлепи на недостижни 23-27.
И покрај се, Вардарци не се предадоа. Во 55 минута на семафорот стоеше 26-28, за потоа и 27-28 со голот на Сергеј Горбок.
Но тоа беше максимумот за европскиот шампион.
Монпелје со 3 гола во низа стигна до конечни 27-31.
Во победничката екипа Дескат беше најпрецизен со 8 гола, а Ричардсон постигна 5.
Во тимот на Вардар, капитенот Стоилов постигна гола, Русинот Горбок имаше 6, а Хрватот Чупиќ го заврши мечот со 5 погодоци.
Фото: ФБ РКВардар