Скопски Вардар го освои петтиот пехар во СЕХА-лигата, а дури четворица ракометари од победничката екипа на Ф4 турнирот кој предмалку заврши во Брест, Белорусија се најдоа во идеалната постава. Честитките се за Милосављев, Дибиров, Стоилов и Криштопанс.
Летонецот беше прогласен и за најкорисен играч на турнирот.
Во најдобриот тим на СЕХА – Ф4 турнирот се и Бичаниќ и Хорват од Загреб, Обрановиќ од Мешков, додека Павел Хорак (Мешков) е прогласен за најдобар дефанзивец.
Голман – Дејан Милосављев (Вардар)
Лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек – Дамир Бичаниќ (ППД Загреб)
Среден бек – Сандро Обрановиќ (Мешков Брест)
Десен бек – Даинис Криштопанс (Вардар)
Десно крило – Златко Хорват (ППД Загреб)
Пивот – Стојанче Стоилов (Вардар)
Дефанзивец – Павел Хорак (Мешков Брест)
МВП – Даинис Криштопанс (Вардар)