Сопругата на Коби Брајант, Ванеса Брајант ја тужи компанијата која го поседувала хеликоптерот во кој беа нејзиниот сопруг и ќерката Џиана, како и уште 7 патници, а кој на 26 јануари се сруши во близина на Лос Анџелес.
Тужбите се поднесени до судот во ЛА и тоа преку мејл, а се работи за тужби за немарност и невнимание против компанијата „Island Express Helicopters“.
Хеликоптерот се сруши поради лошите проценки на пилотот Ара Зобајан, затоа што извештаите покажаа дека немало никаков проблем со моторот на леталото.
Семејствата на уште 4 патници во хеликоптерот, кои исто така загинаа при падот, се приклучија на тужбата.