Легендарниот тренер на лондонски Арсенал, Французинот Арсен Венгер ја повика УЕФА да го укине правилот „гол на гости“. Тој смета дека ова правило го убива напаѓачкиот фудбал на првите натпревари од нокаут фазата во европските натпреварувања.
Венгер, кој е раководител на глобалниот фудбал при ФИФА наведува повеќе детали кои не му се допаѓаат.
„Кога некоја екипа игра дома, секогаш размислува да не прими гол затоа што тоа ја води кон испаѓање. Некогаш мислам дека гол во гости станува голем хендикеп кога го играте првиот меч дома, затоа што мора да нападнете, но и да го зачувате својот гол и на противникот да не му се дадат многу шанси“ – вели Венгер.
Французинот смета дека ова правило наследено од минатото мора итно да „оди во аут“.
„Предложив на долг рок да се реши ова правило за гол на гости, затоа што тежината е преголема во модерниот фудбал. Тоа правило веќе не е оправдано. Воведено е одамна, кога телевизијата не ја имала моќта како сега, а терените биле лоши. Мислам дека укинувањето на ова правило е правилната одлука“ – заклучи Венгер.
Champions League: Wenger calls for away-goal rule to be scrapped – Former Arsenal manager, Arsene Wenger, has asked UEFA to scrap the away goals rule in any new Champions League format. According to Wenger, the current rule… https://t.co/fckWklaGdp pic.twitter.com/VehxyvzUCH
— ireportnews (@ireportnews1) February 26, 2020