Top Sport

Веспрем на Манасков се разбуди, Кристијанштад си отиде со полна мрежа

Конечно вистинскиот Веспрем, конечно победа за унгарскиот ракометен гигант. Настрада Кристијанштад со 36-27, во 8 коло во групата во Лигата на шампиони.

Тимот на екс-вардаровиот помошник тренер, Давид Дејвис одигра фантастично ефикасен меч, па уште на полувремето беше 20-14.

Продолжи рутинската игра и во вториот дел, а нашиот репрезентативец Дејан Манасков придонесе со 3 погодоци за конечни 36-27.

Најефикасен во Веспрем беше Тонесен со 8 гола.

Scroll to Top