Top Sport

Видео-технологијата и донесе на Јапонија полуфинале на Азискиот куп (видео)

Фудбалската репрезентација на Јапониј се пласираше во полуфиналето на Азискиот куп откако попладнево го совлада Виетнам со 1-0 во првиот четвртфинален дуел на стадионот Ал Мактум во Дубаи.

Јапонците до победничкиот погодок дојдоа благодарејќи на видео-технологијата која на Купот се применува почнувајќи од четвртфиналето. Судијата на мечот во 57 минута досуди пенал за Јапонците, по двеминутно прегледување на снимката, а прецизен од белата точка беше Доан.

Јапонија во полуфиналето ќе игра ротив подобриот од дуелот меѓу Кина и Иран кој е во тек. Иранците по првите 45 минути имаат убава предност од 0-2.

Scroll to Top