Top Sport

Заврши потрагата по Сала и пилотот, од нив нема ни трага ни глас (фото)

Преку официјално соопштение, британската полиција од Гернеси соопшти дека по цели 3 дена ја прекинува потрагата по исчезнатиот фудбалер на Кардиф, Аргентинецот Емилијано Сала и пилотот на авионот на кој му се губи трагата, Дејвид Иботсон.

Во соопштението потпишано од капетанот Дејвид Беркер се вели дека со сите можни средства и ресурси се обиделе да дојдат до одговор, но не успеале да најдат никаква трага ниту од авионот, ниту од патниците во него.

„И покрај сите напори во потрагата околу Каналските острови која опфати област од околу 1.700 милји и која ја поминавме повеќе пати, како и обидот да се лоцира мобилниот телефон преку сателит, не успеавме да најдеме никаква трага од исчезнатиот авион во кој имаше еден пилот и еден патник. Имавме активно пребарување кое траеше 24 часа, со вкупно 80 часа пребарување преку воздушен пат, со три авиони и пет хеликоптери. Беа вклучени и два чамци за спасување, а имавме и помош од бродови. Шансите за преживеани во оваа фаза се екстремно мали. Нашите мисли се со семејствата на пилотот и патникот“ стои во соопштението.

По одлуката потрагата да биде завршена, Беренис Шкир, екс-девојката на фудбалерот Сала, побара помош и од аргентинскиот претседател, Маурицио Макри.

„Ве молам побарајте го претседателот Макри да интервенира и да го побара Сала“ – напиша девојката на социјалната мрежа Твитер.

Scroll to Top