Top Sport

Виктор Мозес од Челси се пресели кај Конте, во Интер!

Нов играч на милански Интер и официјално е Виктор Мозес, кој од редовите на лондонски Челси се сели во моментно второпласираната екипа во Серија А.

Мозес кај „нероазурите“ стигна на позајмица до крајот на сезоната со опција Интер да го откупи неговиот договор за 12 милиони евра.


Мозес всушност е играч на турски Фенербахче, а челси го позајми од турскиот тим на период од 18 месеци. Мозес доаѓа во Интер кај екс-тренерот кој го предводеше во Челси, Антонио Конте.

Тие двајца имаа одлична соработка кај „сините“, па Италијанецот од отпишан играч, Мозес го направи еден од најбитните и најстандардните во екипата.

Ешли Јанг на левата страна и Виктор Мозес на десната страна се засилувањата за кои Конте инсистираше. Планот е уште Ериксен и Жиру да го комплетираат посакуваниот ростер.

Scroll to Top