Во единствениот денешен натпревар од 32-то коло од англиската Премиерлига, Вулверхемптон како гостин славеше минимална победа од 1-0 кај Астон Вила.
Домашната екипа која грчевито се бори за опстанок му ги препушти бодовите на конкурентот кој, пак, е веднаш зад Челси, на петата позиција на табелата со надеж дека идната сезона ќе настапуваат во Лигата на шампионите.
Двата тима имаа по десетина шутеви кон противничките голови, а единствениот кој заврши во мрежата беше оној на играчот на „волците“ Дендонкер, во 62 минута.
Астон Вила по денешниот неуспех останува во зоната за испаѓање со 27 бода, исто колку и Борнмут и Вест Хем.
Вулверхемптон е на -2 бода од четвртопласираниот Челси, на позицијата која носи во ЛШ.
https://youtube.com/watch?v=C7xoQrfu9og