Иако никогаш не освоил титула првак во НБА лигата, иако никогаш не бил најдобар стрелец во лигата, Винс Картер е вистинска кошаркарска легенда, а сега има дополнителна причина да го носи тој епитет. Тој објави дека засега нема намера да ја завршува кариерата, планира идната сезона по рекорден 22-ри пат да биде во НБА иако веќе има 42 години.
Напиша на социјалните мрежи – „Се враќам“.
Картер е избран на драфтот во 1998 година заедно со Дирк Новицки, кој овој месец по 21 сезона во НБА ја заврши кариерата. Како петти на драфтот го избраа Голден Стејт Вориорси, но во договорен трејд веднаш го пратија во Торонто Репторс.
Многу брзо Картер стана најголемата атракција во лигата, неговите забивања и летечки способности сеуште се прераскажуваат.
По 6 сезони во Торонто, играше за Њу Џерси, Орландо, феникс, Далас, мемфис, Сакраменто и во последнава сезона за Атланта.