Интересна група од 11 ракометари, ракометарки и ракометни тренери специјално за Организацијата на Ф4 турнирот во Келн имаа улога на прогнозери.
Тие го типуваа точниот резултат од денешното финале во ракоемтната ЛШ меѓу Вардар и Веспрем.
Хрватскиот тренер Славко Голужа и прославениот германски ракометар Доминик Клајн сметаат дека Вардар вечерва ќе слави. Типуваат 28-27 за „црвено-црните“.
„Македонските снаи“, екс-Вардарката, Ања Алтхаус и Едуарда Аморим, ракометарката на Ѓер (екс-ракометарка на Кометал ЃП) сметаат дека дуелот ќе заврши нерешено, 29-29, додека останатите анкетирани сметаат дека победник на денешното финале ќе биде првакот на Унгарија, Веспрем.
Победа на Унгарците прогнозираат Хајнер Бранд, Хенинг Фриц, Кристијан Шварцер, Карлос Прието, Икер Ромеро, Мартин Швалб и ракометарката Каталин Палингер.