Top Sport

Внукот на Скоти Пипен потпиша за Голден Стејт иако го немаше на драфтот

Кавион Пипен (22 години, висок 2.08 метри), вник на легендата на Чикаго Булс, Скоти Пипен денеска потпиша договор со петкратниот НБА финалист, Голден Стејт Вориорс.

Младиот Пипен игра на позиција центар, а во Вориорси доаѓа по настапите во училиштето во Илиноис иако не беше избран на НБА драфтот.

Вориорси моментно имаат големи проблеми со центрите затоа што Вили ШШтејн и Кевон Луни се сериозно повредени, а младиот Ален Смајлагиќ се уште е неискусен.

Инаку, Скоти Пипен 11 сезони беше дел од Булси заедно со Мајкл Џордан и Тони Кукоч, период во кој дојде до 6 титули во најсилната кошаркарска лига во светот.

Scroll to Top