Top Sport

Џенова на Пандев во 93. го сруши Лацио, домашни победи за Удинезе и Емполи (видео)

Македонскиот репрезентативец, Горан Пандев со неговиот тим Џенова триумфираше со 2-1 против неговиот екс-тим Лацио.
На натпреварот на „Луиџи Ферарис“ гостите од Рим први стигнаа во водство со голот на Милан Бадељ во финишот од првото полувреме.

Џенова пресвртот го најави во 75 минута со голот на Санабрија, а за големо славје во Џенова се погрижи капитенот Кришито во 88 минута со прекрасен удар од дваесет метри.

Пандев во игра влезе во 56 минута, и беше еден од творците на пресвртот.

Во останатите два меча од Серија А одиграни попладнево, Удинезе на „Фриули“ со голот од пенал на Теодорчик го скрши отпорот на Киево, а Емполи убедливо со 3-0 славеше над Сасуоло. Стрелци на головите за домаќините беа Круниќ, Афра и Фариас.

Scroll to Top