Ракометната репрезентација на Шведска предмалку со резултат 34-28 ја победи селекцијата на Хрватска во дански Хернинг, во натпревар без големо резултатско значење, кој одлучуваше која селекција ќе биде петта, а која шеста во светот на ракометот.
Швеѓаните одработија со поголема дисциплина во одбраната и нападот, па заслужно Мундијалот го завршија со победа. Тие пред мечот беа против тоа воопшто да се игра натпреварот кој ништо не одлучува ако се знае дека и двете селекции се дел од квалификациите за Олимписките игри во Токио 2020 година.
Кај победничката екипа најпрецизен беше Екберг со 6 гола, а 5 постигна Нилсон.
Во селекцијата на Хрватска Степанчиќ 5 пати ја тресеше противничката мрежа, а младиот Шипиќ беше стрелец на 4 погодока.