Top Sport

„Волчицата“ ја изеде „Старата дама“, римјаните имаат надеж за ЛШ (видео)

Рома на „Олимпико“ во Рим со 2-0 го совлада Јувентус и си ги задржа шансите за пласман во Лигата на шампионите идната сезона. Рома е шеста на табелата со 62 бода, пред неа на петтата позиција е Милан со ист број бодови, додека четврти е тимот на Интер кој има 63, но и меч помалку.

Во првото полувреме фудбалерите на „волчицата“ имаа контрола на играта, а двата погодоци ги постигнаа во вториот дел. Јувентус беше без посебни амбиции затоа што веќе ја обезбеди титулата, па не му пречеше да го претрпи третиот сезонски пораз во Серија А. Од друга страна ова беше 17 победа сезонава за Рома.

Рома поведе со голот на Флоренци во 79. Минута, додека печат на победата стави Един Џеко во 93. минута.
Рома во наредното коло гостува кај Сасуоло, а Јувентус на домашен терен игра против Аталанта.

Scroll to Top