Андрос Таунсенд, фудбалерот на Кристал Палас фицијално е стрелец на најубавиот гол во Премиерлигата во сезоната 2018/2019.
Таунсенд со прекрасен волеј удар од триесетина метри во горниот лев агол погоди на мечот против шампионот на Англија, Манчестер Сити, во тој момент, во 35 минута, за гостинско водство од 1-2. Интересно е што Кристал Палас изненадувачки славеше на тој меч, кој се одигра на 22 декември минатата година, со резултат 1-3.
Таунсенд сезонава за својот клуб постигна 6 гола, но овој дефинитивно е најубавиот. Погледнете: