Top Sport

Екс-Вардарките Радичевиќ и Херем меѓу најдобрите на Мундијалот

Уште не стивнуваат реакциите по контроверзните 10 последни секунди од денешното финале меѓу Шпанија и Холандија на ракометниот Мундијал во Јапонија, а по дуелот дојде време да се изберат и најдобрите на Светското првенсто.

Во најдобрата постава на првенството имаше место и за две екс-ракометарки на скопски Вардар – Црногорката Јованка Радичевиќ која беше „црвено-црна“ од 2013 до 2018 година и Норвежанката Камила Херем, која беше дел од Вардар во сезоната 2016.17.

Освен овие две ракометарки, во идеалната постава имаше место и за голманката Тер Вестер, потоа за пикерот, Лин Блом, за левиот бек, Александрина Кабрал Барбоса, за десниот бек Ана Вјахирева и за плејмејкерот Еставана Полман. Холанѓанката беше прогласена и за МВП на Мундијалот.

Scroll to Top