Top Sport

Втор чин од кралско-баварската пресметка

Лигата на шампионите вечерва ќе го добие првиот финалист за сезоната 2017/2018, откако полу-финалниот реванш, во Мадрид, ќе го одиграат Реал и минхенски Баерн.

Реал е поблиску до пласман во своето трето финале во низа, бидејќи пред шест дена во Минхен победи со 2:1.

Актуелниот европски првак, во Минхем, победи иако не блескаше, а во реваншот играчите на „кралскиот клуб“ ќе мора да бидат внимателни за да не им се повтори изданието од претходната рунда, кога против Јувентус во последните секунди изборија пласман во наредната рунда.

„Кредитот го потрошивме со победата во Минхен. Не смееме да ги повторуваме истите грешки, мислам дека во реваншот ќе играме со повеќе решителност. Мора да играме како никогаш досега“, рекол тренерот на Реал, Зинедин Зидан, кој тимот ќе го составува без повредените Дани Карвахал и Иско Аларкон.

фото: epa

Реал има добар скор на претходните 26.натревари против Баерн, а на последните шест натпревари „кралевите“, исто толку пати победиле. Посебен мотив на овој натпревар ќе има Кристијано Роналдо, бидејќи на дуелот пред шест дена не постигна гол, што беше прв таков натпревар за него сезонава во Лигата на шампионите.

Баерн пропушти во првиот меч да го победи Реал. Напаѓачите на Баварците не реализираа неколку добри шанси што предизвика разочараност кај Баварците.

„Требаше да победиме со 5:2 во Минхен. Никогаш не сум видел толку лоша игра од Реал“, рекол дефанзивецот Николас Зуле, на чии зборови се надоврзал Џошуа Кимих.

„Требаше да победиме со 7:2. Сепак ништо не е изгубено, одиме на победа во Мадрид“, рекол стрелецот на единствениот гол за Баерн.

фото: epa

„Реал против Јувентус покажа многу слабости. Тие не се непобедливи. Знаеме дека ќе биде тешко, мадриѓаните се навикнати на вакви тешки натпревари. Ние ќе биде негоден противник. Многу напредувавме, пред нас имаме цел што сакаме да ја исполниме. Ние сакаме да играме во финалето, Реал ќе се обиде да не спречи“, рекол Јуп Хајнкенс, кои исто така има големи кадровски проблеми. Тој тимот ќе мора да го составува без повредените Жером Боатенг, Артуро Видал, Кингсли Коман и Мануел Нојер.

Интересно, тренерот на Баерн, никогаш не е елиминиран во полу-финалето откако Лигата на шампионите се игра во новиот формат. Последен пат во полу-финалето тој бил елиминиран во 1991 година, од Црвена звезда во тогашниот Куп на европските шампиони.

Дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе започне во 20:45 часот. Утре во истиот термин, во Рим, реваншот ќе го одиграат Рома и Ливерпул.

Scroll to Top