Top Sport

За Гвардиола најталентиран фудбалер кој го видел е Фил Фоден

Тренерот на англискиот шампион, Манчестер Сити, шпанскиот стратег Пеп Гвардила вели дека младиот англиски репрезентативец, Фил Фоден е фудбалерот со најголем потенцијал со кого некогаш работел.

Човекот кој го тренираше Меси во време кога тој имаше 21-22 години, а истовремено работеше и со Андрес Иниеста можеби со оваа изјава сака да ја „напумпа“ самодовербата на младиот фудбалер.

„Тој има се што треба за да стане еден од најдобрите играчи. Сум рекол многупати на прес-конференции, но не пред него, Фил е нај нај, најталентираниот фудбалер кој сум го видел во мојата тренерска кариера“ – изјавил Гвардиола за „ББЦ“.

Фоден на ова само скромно одговори дека напорната работа се исплати и рече дека е среќен што е дел од „Граѓаните“.
Младиот фудбалер има 19 години, ги помина сите репрезентативни селекции во Англија, а на сениорите во Манчестер Сити им се приклучи од младинскиот погон, каде е од 2009 година.

Scroll to Top