Возачот на „Јамаха Тех 3“ во Мото ГП шампионатот, Жоан Зарко, од наредната сезона ќе вози за „КТМ рејсинг“, потврди австрискиот тим.
27-годишниот француски мотоциклист во фабричкиот тим на „КТМ“ ќе биде до 2020 година. Тимски колега ќе му биде Пол Еспаргаро, кој во средата, го продолжи својот договор со овој тим.
Зарко во тимот ќе го замени Британецот Бредли Смит.
Зарко од минатата сезона вози во „кралската класа“ во Мото ГП. Во деби сезоната тој четири пати избори пласман на победничкиот пиедестал, а вкупно освои 212 бода.
Претходно, францускиот мотоциклист, во 2015 и 2016 година возеше во Мото 2, каде ја освои и шампионската титула.
Инаку, интерес за Зарко покажуваа тимовите на „Репсол Хонда“ и „Сузуки“. Сепак „Репсол Хонда“ ја продолжи соработката со Шпанците Марк маркез и Дани Педроса, а „Сузуки“ реши да го потпише Алекс Ринс, поради што Зарко се реши од наредната сезоната да вози за „КТМ рејсинг“.
BREAKING NEWS @JohannZarco1 ?? will join @redbull @KTM_Racing team 2️⃣0️⃣1️⃣9️⃣ with two year @MotoGP agreement ✊?
? https://t.co/52PdFVKlmx#KTM #RC16 #READYTORACE #GivesYouWings #OrangeFamily
? @philipplatzer pic.twitter.com/3nf3cULr8k
— KTM Factory Racing (@KTM_Racing) May 3, 2018