Кошаркарот на Чикаго Булс, Финецот Лаури Марканен предвреме ќе ја заврши сезоната во НБА лигата. Причина за тоа се срцевите проблеми што биле забележани кај талентираниот кошаркар.
Информациите од кај „биковите“ се дека хроничниот замор довел до забрзана работа на срцето, па затоа Финецот ја завршува сезоната. Песимистиките прогнози се дека големиот потенцијал на Чикаго би можело предвреме да ја заврши и кариерата.
„Ќе продолжиме да ја следиме состојбата со Лаури, ќе работиме со нашите лекари и ќе му овозможиме потполна нега“ – велат „Булси“.
Чикаго сезонава нема шанси да обезбеди место во плеј офот, а Марканен сезонава има учинок од речиси 19 поени и 9 скока по меч.
https://youtube.com/watch?v=7G9EzVXAVK0