Контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос заработи жестока парична казна поради неспортското однесување на Мастерсот во Синсинати.
Кирјос во третата рунда од натпреварувањето загуби од рускиот тенисер Карен Хачанов во три сета, а толку беше бесен што заработи казна од 113.000 американски долари.
Најмногу заради неспортското однесување, поради непочитувањето на судијата и вербалниот конфликт со него.
Кирјос го плукна и го навредуваше главниот арбитар Фергус Марфи во текот на мечот кој го загуби.
Австралискиот тенисер е казнет и поради злоупотребата на топчињата, тројно неспортско однесување, пцуење и вербален деликт – наведено е во соопштението од АТП.
Казната би можела да биде и зголемена доколку АТП утврди што точно се случувало по мечот.