Фудбалерите на Наполи по синоќешното реми (1-1) против фаворизираната Барселона не се задоволни од крајниот исход, Сметаат дека можеа да стигнат до триумф.
Играчот од средниот ред на Наполи, Пјотр Зиелински вели дека ништо не е готово. Смета дека неговиот тим мора повеќе да ризикува ако сака да извлече позитивен резултат во Шпанија.
„Мислам дека можевме и моравме многу повеќе, но се на се игравме добро. И понатаму имаме шанса во Барселона, но само ако ја играме нашата игра. Барса долго време немаше шут во рамки на голот и поради тоа е многу лошо што примивме гол.
Тие се сјајна екипа, но ние не смееме да им помагаме. Ништо не е готово, мора повеќе да ризикуваме за да добиеме нешто за возврат“ – вели Зиелински.
Реваншот меѓу Барса и Наполи е за две недели на „Ноу Камп“.