Мароканскиот фудбалер, Хаким Зијеш од лето официјално е играч на лондонски Челси.
Холандските медиуми пишуваат дека усниот договор меѓу двата клупа е постигнат, по преговорите кои се одвиваа во последните 24 часа.
Менаџерот на „сините“, Френк Лампард уште од претходно се обидуваше да го доведе Мароканецот на „Стемфорд Бриџ“ затоа што може да игра на повеќе позиции во средниот ред.
Информациите се дека Челси на Ајакс за трансферот на Зијеш ќе му плати 45 милиони евра.
Иако се уште фудбалерот не го потпиша договорот со Челси, сепак останатите заинтересирани клубови беа одбиени, а преговорите беа насочени исклучително само со лондонската екипа. Останува уште само Мароканецот да ги договори личните услови со Управата на клубот.
Зијеш во Ајакс дојде во 2016 година, а изминатите 4 сезони стана еден од најдобрите играчи на клубот од Амстердам.