Шведскиот фудбалер, Златан Ибрахимовиќ кој се уште е под договор со Милан паузата поради пандемијата на коронавирусот ја искористи за во својата земја да го посети клубот Хамарби. Тој денеска одработи трениг во клубот, а останатите играчи го поздравија потегот.
„Ибра е добредојден да остане со нас“ – кратко изјави тренерот, Јеспер Јансон.
Играчите на Хамарби 2 недели не тренираа поради коронавирусот, а но денеска стручниот штаб одржа тренинг на доброволна основа.
Дошле само оние кои сакале да тренираат.
„Златан беше во Стокхолм со семејството и сакаше `да ја почувствува топката`. Секако, ние тоа го прифативме. Од понеделник продолжуваме да работиме групно. Ибра може да тренира со нас“ истакна Јансон.
Инаку, за потсетување, Ибрахимовиќ неодамна купи дел од акциите на Хамарби, со што предизвика лавина реакции кај навивачите на Малме, клубот каде му беа почетоците.
Fint besök på den frivilliga träningen i dag: https://t.co/nq9OCF7rDQ#Bajen pic.twitter.com/9OUa9zGr5S
— Hammarby Fotboll (@Hammarbyfotboll) April 9, 2020