Top Sport

Звезда по пенал драма го прескокна Копенхаген, елиминација на Селтик и Порто

Фудбалерите на белградска Црвена Звезда вечерва во Данска по драматична пенал серија го елиминираа тимот на Копенхаген и се најдоа во плеј-офот за Лигата на шампиони.

Мечот во Данска заврши 1-1, исто како и на првиот меч во Белград, па откако по двете продолженија немаше промена на резултатот се премина на изведување на пенали.

На очајниот терен за игра беа изведени вкупно 22 пенали, а Звезда победи со 7-6. Херој на голот на белградската екипа беше голманот Милан Борјан кој неколкупати беше нерешлива енигма за противничките фудбалери.
https://youtube.com/watch?v=PCBQvFGmLhU
Ефикасен меч се одигра и во Амстердам, меѓу Ајакс и ПАОК. Холанѓаните славеа победа со 3-2 и се протна во следната фаза затоа што на првиот меч во Солун беше нерешено 2-2.

Елиминација доживеа и тимот на швајцарски Базел кој вечерва загуби на гостувањето во Австрија, кај тимот на Линц. Мечот вечерва заврши со резултат 3-1, а Австријците славеа и на првиот дуел, со 2-1.

Грчки Олимпијакос немаше проблеми со турски Башахшехир, славеше победа со 2-0 и се пласираше во плеј-офот. Грците славеа и на првиот меч одигран во Турција, со 1-0.

Големо изненадување е елиминацијата на фаворитите Селтик и Порто.

Екипата од Шкотска иако имаше 1-1 од првиот меч со романски Клуж, вечерва загуби на домашен терен со 3-4 по што Романците одат понатаму.

Порто беше елиминиран од квалификациите за ЛШ од руски Краснодар. Првиот меч во Русија им припадна на Португалците со 1-0, но вечерва на „Драгао“ беа шокирани со 2-3, па поради повеќе голови дадени на гости фудбалерите на Краснодар се во следна фаза.

Scroll to Top