Top Sport

Федерер никогаш не успеал да го сфати односот на Ѓоковиќ

Иако Роџер  Федерер и Новак Ѓоковиќ во нивните долги кариери честопати кажувале убави работи еден за друг, според повеќе извори односите меѓу двајцата тенисери не се толку добри на прв поглед.

Неколку пати во текот на годините, таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ го критикуваше швајцарскиот тенисер, додека поранешниот тренер на Србинот, Борис Бекер изјави дека има „лажно пријателство“ меѓу двете тениски легенди, но додава дека тоа е разбирливо.

Сега, поранешниот тенисер Клаудио Мецарди, кој беше швајцарски Дејвис куп капитен во 1999 година кога Федерер дебитираше, во интервју за „Скај спорт“ признава дека неговиот сонародник не го разбира односот на ривалот.

„Федерер неколку пати ми посочи дека има таков однос со Ѓоковиќ бидејќи никогаш не успеал да го сфати. Кога се обидел да зборува со него, освен класичните пет минути по или пред меч, никогаш не го разбирал неговиот однос. Ѓоковиќ честопати ќе каже едно нешто, но ќе го направи сосема спротивното. Дури и во Чикаго на ’Лејвер купот’, Ѓоковиќ прво изјави дека е уморен и сака да игра подоцна, за потоа да излезе на теренот како прв. Кога се реши да играат во двојки, Ѓоковиќ инсистираше да играат порано. Не велам дека постои непријателство или лош однос, но Федерер не воспоставил однос како со Надал бидејќи не успеал да го разбере“, вели Мецарди.

Scroll to Top